Станушината е стара македонска автохтона сорта на грозје која може да се најде единствено во Тиквешкиот регион во Македонија. Во минатите декади лозарите почнаа да го напуштаат производството на оваа горзје поради навлегувањето на новите меѓународни сорти. Како резултат на тоа постоеше реална опасност дека оваа сорта целосно ќе исчезне. Целта на Винарската визба Попова Кула, а воедно и привилегија, е да се реафирмира Станушината во регионот и да се сподели оваа извонредна сорта на вино со целиот свет. Се надеваме дека и другите винарски визби во регионот ќе ја следат оваа иницијатива за производство на вина од домашни сорти на грозје.
Со бербата 2005 Винарска визба Попова Кула е единствениот производител на оваа сортно вино во Македонија и во светот.
Демир Капија е најужниот дел од Тиквешијата и има најмногу сончеви денови од било кое друг вински под-регион на Балканот. Бројните и долги сончеви денови даваат прекрасна можност да се произведе грозје со исклучително високи шеќери и преку касна берба да се добијата уникатни вина со длабок вкус и неверојатни ароми. Вранец Виктори е навистина победник меѓу црвените вина, а Temjanika Sweet со своите експлозини ароми е нешто посебно за љубителите на слатките вина!
Традицијата и иновацијата се спојуваат заедно за создавање на линијата Perfect Choice. Вината од оваа линија се класика на совршенството со уникатен и ексклузивен идентитет, долготраен квалитет и продолжен потенцијал за стареење на виното. Најексклузивниoт микро тероар во Тиквешијата – Попова Кула - со единствената клима и почва создава посебно концентрирани грозја кои се рачно набрани и претворени во впечатливи, прекрасни вина: Шардоне, Каберне Совињон и Вранец.
Црвените вина од оваа категорија се спој на традицијата и модерната технологија при што истите се произведени со купажирање на вино кое зрееше во буриња и вино кое зрееше во иноксни садови. На тако начин добиваме еден идеален спој на стилови. Белите вина пак се направени од многу специфични лозја каде имаме посебен третман. Сите овие благородни вина од оваа линија се нежни а снажни и импресивни. Оттаму и името на линијата...
Во оваа линија на производи имаме направено уникатни купажни вина. Едно црвено и едно бело. Појдовната идеја ни беше да создадеме ретко видени купажи на светскиот пазар. Вранецот и Кабернет Совињонот како сорти се сакаат а нашите лозја од тие две сорти се едно до друго. Тие две сорти просто танцуваат заедно во нашиот Калеш. Во Алтанот пак имаме помирување на Шардонето и Совињон Бланкот остварено со Мускат Отонел. Велат дека правењето на купажи не е наука туку уметност. Ова линија на производи е наш излет во тие води.
Вината на Попова Кула од линијата Класик имаат динамичен, овошен, добро структуиран, млад стил бидејќи се произведени во години кои понудија идеални услови за создавање на одлични вина. Оваа линија содржи богатство на вкусови, одлични за секоја прилика. Произведени од рачно набрани грозја, нивните мириси се и нежни и комплексни со една нота на шарм која се провлекува низ вкусот. Во исто време, овие вина се елегантни, добро избалансирани и со долг финиш. Оваа линија е составена од две различни поткатегории на вина: Црвени вина (Вранец, Каберне Совињон, Пино Ноар и Прокупец), Бели Вина ( Мускат Отонел, Совињон Бланк, Жилавка).
Извонредно остарена златна ракија, дестилирана од врвно овошје и варена со години во дабови буриња што некогаш се користеле за фино вино. Претставува длабока, сложена арома и силен, но сепак фино подесен вкус, кој без напор служи и како стимулирачки аперитив и како смирувачки дигестив. Вкусете го - ги надминува и најпрекрасните...
Многу стара (МС) жолта ракија направена со дестилација на фино вино и зреена со години во дабови буриња во кои пред тоа зрееше вино. Има богата, комплексна и доминантна арома. Има моќен добро структуриран и долготраен вкус, а во исто време е многу питка и нежна. Се сервира и како аперитив и како дигестив. Пробајте ја – поубава е од најубaвата…
Првокласен ликер од вишна направен од дестилат од наше фино вино и најслатки македонски вишни. Фантастичен дигестив кој остава впечаток на јадење на тие прекрасни вишни. Развеселува ...
Stanushina is an established grape variety only found in the Tikveshija
region of Macedonia. Over the past few decades, the region’s grape
growers began to abandon the production of Stanushina due to the
introduction of new international grape varieties. This practice threatened
to wipe out this unique variety of grape forever. It is the Popova
Kula Winery’s intention, and privilege, to reintroduce this grape to the
region and share our fantastic variety of wines with the world. We hope
that other wineries in the region will follow this initiative and continue
the tradition of wine production using domestic varieties of grape. As of
now, Popova Kula is the only producer in the world of this variety.
Stanushina is so-called "Makedonsko devojce" or Macedonian girl in
translation, a domestic product that Macedonia should be proud.
Ние произведуваме 100% органско масло од лаванда од нашите сопствени насади, внимателно одгледувани, рачно собрани, а потоа ладно цедени и спакувани во стаклени шишиња. Маслото од лаванда е едно од најпопуларните есенцијални масла поради неговите уникатни, моќни терапевтски својства и прекрасна миризлива арома. Ова природно добиено органско масло нуди олеснување за анксиозност и стрес, главоболки, мигрени и алергии.
Еколошка и природна ароматична вода од лаванда, која се добива при процесот на дестилација на есенцијалните масла од цветот. Пакувана во стаклено шише за да може подолготрајно да ги зачува нејзините уникатните својства и смирувачки ароми.
Stanushina is an established grape variety only found in the Tikveshija
region of Macedonia. Over the past few decades, the region’s grape
growers began to abandon the production of Stanushina due to the
introduction of new international grape varieties. This practice threatened
to wipe out this unique variety of grape forever. It is the Popova
Kula Winery’s intention, and privilege, to reintroduce this grape to the
region and share our fantastic variety of wines with the world. We hope
that other wineries in the region will follow this initiative and continue
the tradition of wine production using domestic varieties of grape. As of
now, Popova Kula is the only producer in the world of this variety.
Stanushina is so-called "Makedonsko devojce" or Macedonian girl in
translation, a domestic product that Macedonia should be proud.