Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% Вранец
Опис на вкусот:
Нашиот Вранец е суво црвено вино со карактеристична темна рубин боја со
голема длабочина и интензитет. Аромата е богата и со долг финиш, со
доминација на чоколадо, нијанси на модри сливи, дим и смола. Виното е со
многу добра структура и со потенцијал за развивање на аромите кои оставаат
впечаток на топлина и кадифе во устата.
Комбинација со храна:
Препорачуваме да се конзумира на температура од 18-20°C со сите видови
црвени меса.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,8 грама на литар
Шеќери: 2 грама на литар
Алкохол: 13,5 % vol.
Берба:
Целата година беше година на предизвик. По умерените температури во
февруари, сезоната на созревање на грозјето започна со силни пролетни
мразеви, што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во
летниот период температурата беше прилично висока, што е типично за
Тиквешкиот регион. Тимот на гроздоберачите и винарите се посветија себе си и
посветија посебно внимание, виното произведено од оваа берба да биде со
посебен квалитет.
Вранецот се береше во тек на три берби: од 23ти до 25ти Септември, од 4ти до
6ти Октомври и од 8ми до 10ти Октомври со најдобрите можни показатели на
шеќери и киселини во период на технолошката зрелост на грозјето. Грозјето се
береше рачно и се ставаше во гајби кои собираат не повеќе од 10кг, со одбирање
на најдобрите гроздови. Овој начин на собирање на грозјето овозможува
целосна контрола над процесот на ферментација. За време на последната
берба, се набра дел од стафидирани зрна, кои во комбинација со другите
фактори му дадоа специфичен вкус на виното.
Создавање на виното:
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% каберне совињон
Опис на виното:
Нашиот Каберне Совињон е извонредно суво црвено вино со жива и блескава
боја. Хармонија од ароми на печени пиперки и димени тонови во комбинација
со шумски плодови и џем преовладува во виното. Телото е полно со пријатна
свежина што го прави овој Каберне добар за конзумирање и после 4 години.
Комбинација со храна:
Препорачуваме да се комбинира со црвени меса, мисирка и дивеч на
температура од 18-20°C.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 6 грама на литар
Шеќери: 2 грама на литар
Алкохол: 13%
Берба:
Целата година беше година на предизвик. По умерените температури во
февруари, сезоната на растење на грозјето започна со силни пролетни мрзнења,
што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во летниот
период температурата беше прилично висока, што е типично за Тиквешкиот
регион. Тимот на гроздоберачите и винарите се посветија себе си и посветија
посебно внимание, виното произведено од оваа берба да биде со посебен
квалитет. Грозјето се собираше рачно во два периоди: од 24 до 26ти Септември
и од 4ти до 10 Октомври.
Создавање на виното:
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% прокупец
Опис на виното:
Прокупец e вино од заборавена балканска сорта на грозје, кое во ваква форма не може да се сретне никаде на друго место. Попова Кула му посвети посебно внимание на ова вино со цел повторно да им го претстави на љубителите на вино. Ова вино претставува хармонија на боја, мирис и вкус. Се одликува со жива рубин црвена боја, a мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша, додека во позадина се открива сува смоква. На вкус ова вино е лесно, хармонично и свежо. Сосема на крај останува вкусот на суво овошје, лешник и кора од леб.
Комбинација со храна:
Препорачуваме да се служи на температура од 16-18°C со лесни предјадења, тестенини и варива.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,1 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 11,79%
Берба:
Сезоната оваа година беше одлична во многу работи, беше најтопла, најраната и без сомнение една од најдобрите сезони за развој на одличен квалитет на овошјето. Во месецот Февруари имаше невообичаено високи температури, по што следеа малку поладни температури во март што даде одлични предуслови за развој на вкусовите. Летото беше долго, многу жешко, што овозможи развој на повисоко ниво на шеќери од вообичаеното.
Создавање на виното:
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Пино Ноар
Опис на вкусот:
Пино Ноар се се одликува со нежно црвена боја испреплетена со виолетови нијанси. Аромата е комплексна, а во неа доминираат нежните тонови на цреша и слива, дополнето со ноти на зачини кои му даваат на виното игривост во аромата. Вкусот е сплет од вкусови ароми на цреша, зрела слива и боровинка. Добро балансираните киселини и нежните танини му даваат на виното долг послевкус, нежна свежина и пријатна овошност.
Комбинација со храна:
Препорачуваме да се служи на температура од 16-18°C во комбинација со сите видови сирења, тестенини, пици и полесни меса.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5.2 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 13.6 % вол.
Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата годна. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови од винаријата.
Создавање на виното:
Произведено е по технологија за создавање на црвени вина
Ферментација со цели зрна грозје во траење од 10 дена при контролирана температура, аерација и со внимателен избор на селекционирани квасци.
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% жилавка
Опис на виното:
Жилавка е извонредно бело вино кое се одликува со жолтозелена боја со сјајна ниjанса, карактеристична за сортата. Аромата е комплексна, овошно-вегетативна, при што доминираат аромите на свежо искосена зелена трева, македонски билки и сочни ароми на зелена праска и диња. Вкусот е полн, свеж, со изразен минерален карактер и пријатна горчина во финишот. Балансираните киселини во вкусот му придаваат
исклучителна свежина на ова вино.
Комбинација со храна:
Препорачуваме да се пие добро изладено на температура од 10-12°C како аперитив, или во комбинација со риба, морска храна и пилешко, но исто така добро оди и со козјо сирење и едамер. За арно, за убаво!
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,3 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 13,2% vol
Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето. Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.
Создавање на виното:
- Ладење на грозјето
- Мелење и пресување при одржување на константна температура од 14 C
- Бистрење на ширата
- Ферментација при контролирана температура
- Процеси на бистрење и стабилизирање на виното
- Флаширање
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Совињон Блан
Опис на виното:
Совињон Блан е извонредно суво бело вино со бледо жолта и нијанси назелена боја. Комбинацијата од ароми е извонредно богата со доминација на лимонова трева, тропски овошја, бела праска и цитрусни овошја. Виното има прекрасна хармонија и структура и добро избалансиран вкус со впечаток на пријатна цитрусна свежина и долготраен финиш.
Комбинација со храна: Препорачуваме да се конзумира на 10-12°C со пилешко, риба или сирење. Исто така оди добро во комбинацијата со
чоколадна торта.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,5 грама на литар
Шеќери: 1,6 грам на литар
Алкохол: 13,5% vol.
Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето. Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на
берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.
Создавање на виното:
- Грозјето се меле и се става во инокс танкови на мацерација (процес при кој
што се ставаат ензими за да се извлече аромата)
- Овој процес трае 6 до 8 часа при температура од 8 – 10 ˚С степени
- Гроздовата каша се пресува, самотокот се двои во друг сад, се бистри и потоа
се ставаат селекционирани квасци за ферментација
- Алкохолната ферментација трае од 15-20 дена при температура од 14-15
степени
- Обработки на стабилизирање и бистрење на виното
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Мускат Отонел
Опис на виното:
Мускат Отонел е извонредно бело вино со нежна жолта боја со зеленкасти ниjанси. Има интензивни ароми на мускат, кора од портокал, темјанушка и багремов цвет. Вкусот е балансиран и нежен со медени ноти на егзотичен фон. Свежите киселини создаваат впечаток на пријатна игривост во устата.
Комбинација со храна:
Препорачуваме да се конзумира на 10-12°C како аперитив, но исто така и во комбинација со бели меса, лута индиска храна, пикантни турски јадења и млади жолти сирења. Прекрасно одговара и со кремасти и овошни десерти, а исто така и со сладолед. За арно, за убаво!
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,6 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 12,6% vol.
Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето. Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во
време на негова технолошка зрелост, момент кога во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.
Создавање на виното:
- Мелење на грозјето и отстранување на дршките
- Ладење на гроздената каша
- Пресување
- Бистрење на ширата, одделена при пресување
- Ферментација при контролирана температура
- Процеси за стабилизирање и бистрење на виното