Нашите производи
Вина, жестоки пијалоци и производи од лаванда
Автохтона сорта
Станушина
Станушината е стара македонска автохтона сорта на грозје која може да се најде единствено во Тиквешкиот регион во Македонија. Во минатите декади лозарите почнаа да го напуштаат производството на ова грозје поради навлегувањето на новите меѓународни сорти. Како резултат на тоа постоеше реална опасност дека оваа сорта целосно ќе исчезне. Целта на Винарската визба Попова Кула, а воедно и привилегија, е да се реафирмира Станушината во регионот и да се сподели оваа извонредна сорта на вино со целиот свет. Се надеваме дека и другите винарски визби во регионот ќе ја следат оваа иницијатива за производство на вина од домашни сорти на грозје.
Со бербата 2005 Винарска визба Попова Кула е единствениот производител на ова сортно вино во Македонија и во светот.

Касна берба
Касна берба
Демир Капија е најјужниот дел од Тиквешијата и има најмногу сончеви денови од било кој друг вински под-регион на Балканот. Бројните и долги сончеви денови даваат прекрасна можност да се произведе грозје со исклучително високи шеќери и преку касна берба да се добијат уникатни вина со длабок вкус и неверојатни ароми. Вранец Victory е навистина победник меѓу црвените вина, а Темјаника Sweet со своите експлозивни ароми е нешто посебно за љубителите на слатките вина!

Барикирани вина
Perfect Choice
Традицијата и иновацијата се спојуваат заедно за создавање на линијата Perfect Choice. Вината од оваа линија се класика на совршенството со уникатен и ексклузивен идентитет, долготраен квалитет и продолжен потенцијал за стареење на виното. Најексклузивниот микро тероар во Тиквешијата — Попова Кула — со единствената клима и почва создава посебно концентрирани грозја кои се рачно набрани и претворени во впечатливи, прекрасни вина: Шардоне, Каберне Совињон и Вранец.

Нешто различно
Аристократ
Црвените вина од оваа категорија се спој на традицијата и модерната технологија, при што се произведени со купажирање на вино кое зрееше во буриња и вино кое зрееше во иноксни садови. На тој начин добиваме еден идеален спој на стилови. Белите вина пак се направени од многу специфични лозја каде имаме посебен третман. Сите овие благородни вина од оваа линија се нежни, а снажни и импресивни. Оттаму и името на линијата…

Купажни вина
Демир Капија
Во оваа линија на производи имаме направено уникатни купажни вина. Едно црвено и едно бело. Појдовната идеја ни беше да создадеме ретко видени купажи на светскиот пазар. Вранецот и Каберне Совињонот како сорти се сакаат, а нашите лозја од тие две сорти се едно до друго. Тие две сорти просто танцуваат заедно во нашиот Калеш. Во Алтанот пак имаме помирување на Шардонето и Совињон Бланкот, остварено со Мускат Отонел. Велат дека правењето на купажи не е наука туку уметност. Оваа линија на производи е наш излет во тие води.

Не-барикирани сортни вина
Класик
Вината на Попова Кула од линијата Класик имаат динамичен, овошен, добро структуиран, млад стил бидејќи се произведени во години кои понудија идеални услови за создавање на одлични вина. Оваа линија содржи богатство на вкусови, одлични за секоја прилика. Произведени од рачно набрани грозја, нивните мириси се и нежни и комплексни, со една нота на шарм која се провлекува низ вкусот. Во исто време, овие вина се елегантни, добро избалансирани и со долг финиш. Оваа линија е составена од две поткатегории: црвени вина (Вранец, Каберне Совињон, Пино Ноар и Прокупец) и бели вина (Мускат Отонел, Совињон Бланк, Жилавка).

Божица
Божица
Многу стара (МС) жолта ракија направена со дестилација на фино вино и зреена со години во дабови буриња во кои пред тоа зрееше вино. Има богата, комплексна и доминантна арома. Има моќен, добро структуриран и долготраен вкус, а во исто време е многу питка и нежна. Се сервира и како аперитив и како дигестив. Пробајте ја — поубава е од најубавата…


Cherry Up
Cherry Up
Првокласен ликер од вишна направен од дестилат од наше фино вино и најслатки македонски вишни. Фантастичен дигестив кој остава впечаток на јадење на тие прекрасни вишни. Развеселува…


FIREBOOZ
FIREBOOZ
FIREBOOZ е многу уникатен жесток пијалак направен со дестилирање на фини вина и со повеќе видови егзотични зачини, меѓу кои и лути пиперки.
Препорачуваме да се пие разладен, со парче портокал и коцка мраз. Можете да го користите и во коктели.


IC Мастика
IC Мастика
IC Мастика е супериорен, многу питок аперитив со богат вкус и мирис на анасон. За да го произведеме дестилираме фини вина добиени од наше грозје, а потоа правиме повторна дестилација со додавање анасон и други зачини според наш рецепт.
Како што името сугерира, препорачуваме да се сервира со мраз во широки чаши.

Ракија
Ракија
Извонредно остарена златна ракија, дестилирана од врвно овошје и варена со години во дабови буриња што некогаш се користеле за фино вино. Претставува длабока, сложена арома и силен, но сепак фино подесен вкус, кој без напор служи и како стимулирачки аперитив и како смирувачки дигестив. Вкусете ја — ги надминува и најпрекрасните…
Природно органско
Масло од лаванда
Ние произведуваме 100% органско масло од лаванда од нашите сопствени насади, внимателно одгледувани, рачно собрани, а потоа ладно цедени и спакувани во стаклени шишиња. Маслото од лаванда е едно од најпопуларните есенцијални масла поради неговите уникатни, моќни терапевтски својства и прекрасна миризлива арома. Ова природно добиено органско масло нуди олеснување за анксиозност и стрес, главоболки, мигрени и алергии.

Природно органско
Хидросол од лаванда
Еколошка и природна ароматична вода од лаванда, која се добива при процесот на дестилација на есенцијалните масла од цветот. Пакувана во стаклено шише за да може подолготрајно да ги зачува своите уникатни својства и смирувачки ароми.



































