Демир Капија

Уникатни купажни вина

Тиквешко виногорје, Демир Капија

Состав: 50% Вранец, 50% Каберне Совињон

Опис на виното
Калеш е вино со жива темно црвена боја со виолетови нијанси и изразена длабочина. Мирисните ароми се комбинација на црна слива, вишна, зачини и минерали. Ова е добро избалансирано вино со неповторлива мешавина на вкусови, одлична свежина и долг завршеток на зрело овошје.

Комбинација со храна
Препорачуваме ова вино да се служи на температура од 18-20°C со јадења од црвено месо, како и со традиционални македонски јадења.

Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,9 грама на литар
Шеќери – 18,4 грама на литар
Алкохол – 14 % vol.

Берба
Целата година беше година на предизвик. По умерените температури во февруари, сезоната на растење на грозјето започна со силни пролетни мрзнења, што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во летниот период температурата беше прилично висока, што е типично за Тиквешкиот регион. Тимот на гроздоберачите и винарите посветија посебно внимание виното произведено од оваа берба да биде со посебен квалитет.

Тиквешко виногорје, Демир Капија

Состав: 33% Шардоне, 30% Совињон Блан, 19% Темјаника, 10% Мускат Отонел, 8% Жилавка

Опис на виното
Алтан е уникатно вино кое се одликува со доминантни ароми на круша и праска, додека во позадина нежно се појавуваат хербалните ноти на бозел, босилок и ароматични тревки. Вкусот го следи мирисот и е доста комплексен. Има изразено тело и одличен баланс на киселините, што го прави ова вино освежувачко. Виното долго останува во устата, оставајќи пријатно чувство на полност и хармоничност.

Комбинација со храна
Препорачуваме да се конзумира изладено на температура од 8-10°C со секаков вид сирења, јадења од бело месо и риба, а исто така одлично одговара и со кремасти десерти.

Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,7 грама на литар
Шеќери – 1,6 грама на литар
Алкохол – 12,7 % vol.