Социјална одговорност

Ние веруваме дека фирмите не се само за профит на оние што инвестирале во неа туку постојат и за да ги остварат визиите и мисиите што ги водат напред.
Па така, ние делуваме во склад со нашата визија и мисија.
Ја спасивме Станушината која е уникатна автохтона Македонска сорта од изумирање.
Инвестиравме во рурален дел на Македонија – Демир Капија и упорно работиме на целокупниот развој на општината.
Први во Македонија го стартувавме концептот на вински туризам и со тоа допринесуваме кон развојот на туризмот во Демир Капија, Тиквешијата но и во Македонија и на Балканот.
Кога почнувавме ни се смееја и ни велеа дека во Демир Капија низ вековите единствени туристи биле окупаторските армии. Денес сме среќни дека меѓудругото и со наше силно залагање Демир Капија се претвори во туристичка дестинација.
Тимот го градиме пред се со локалци при што инвестираме во нивниот развој. Времено ангажираните луѓе во лозјата и во фирмата гледаме истотака да бидат од околината. Сите се третирани како дел од еден тим кој треба да створи вредности. Платите секогаш се плаќале навремно и во целост со сите придонеси. Секогаш истакнуваме дека во рамки на работата и во тимот првенствена е почита што треба да ја имаме едни кон други.
Набавуваме локално кога е тоа можно со цел подобар локален економски развој.
Кога купувавме грозје го промовиравме концептот на фер трговски односи со тоа што лозарите ги ислаќавме по фер цени и навремено без одлагање.
Секогаш кога можиме во рамки на нашите можности ги помагаме локалните институции Специјалниот завод, Музејот на виното, Домот на културата и спортските клубови – Кајакарскиот клуб и Оутдоор клубот.
За време на пандемијата на Covid ги организиравме другите чинители во туризмот и работевме на развој на туристичка сигнализација и туристичка мапа на Демир Капија.
Во услови на очигледна даночна евазија ние стоиме на тоа дека секоја фирма е должна да ги плаќа сите даноци. Ние така се однесуваме.
Ние сме цврсто убедени дека здравата и чиста животна околина е предуслов за нашиот среќен и здрав живот. Се однесуваме и работиме во согласност со тоа убедување.
Ние мислиме дека сме пример за социјално одговорна фирма а на нашите потрошувачи и гости е да проценат.
За арно за убаво,
Тим Попова Кула

 

За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-down
mk_MKMacedonian
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram