Новости

Новост нум

Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација - Попова Кула.
Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од Лаванда од сопствени полиња.
За арно за убаво!

Добредојдовте

Попова Кула е уникатен комплекс кој опфаќа винарија, стилизиран хотел со 33 соби, ресторан со прекрасна тераса и летен отворен дел, детско игралиште и широк двор, автокамп и продавница за вино и подароци. Самата локација плени со своето прекрасно опкружување но и со фантастичниот поглед. Ова е едно од најубавите места за различни настани како што се свадби на отворено, забави, тим-билдинг, семинари и конгреси. Нашиот тим од професионалци ќе се потруди вашиот престој кај нас да биде ваша најсподелувана убава приказна.
Место каде времето се мери во воздишки!

април 19, 2022
Нови производи - Масло од лаванда и Хидросол од лаванда

Ние произведуваме 100% органско масло од лаванда од нашите сопствени насади како и ароматична вода од лаванда, која се добива при процесот на дестилација на есенцијалните масла од цветот.   Сега можете да ги купите во нашата продавница или преку нашата онлајн продавница  www.club.popovakula.com.mk.

За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-down
mk_MKMacedonian
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram