ВИНАРСКА ВИЗБА ПОПОВА КУЛА
За арно за убаво
Демир Капија · вино, престој и трпеза во срцето на македонското винско подрачје
ВИНАРИЈА:
Дегустации и обиколки со претходна најава
ХОТЕЛ:
33 соби во 10 типа, со појадок
РЕСТОРАН:
Чардак, Летна тераса и Кула
+389 76 432 630
Нашите производи
Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација – Попова Кула. Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од лаванда од сопствени полиња.
За арно за убаво!
Добредојдовте
Попова Кула е уникатен комплекс кој опфаќа винарија, стилизиран хотел со 33 соби, ресторан со прекрасна тераса и летен отворен дел, детско игралиште и широк двор, автокамп и продавница за вино и подароци. Самата локација плени со своето прекрасно опкружување но и со фантастичниот поглед. Ова е едно од најубавите места за различни настани како што се свадби на отворено, забави, тим-билдинг, семинари и конгреси. Нашиот тим од професионалци ќе се потруди вашиот престој кај нас да биде ваша најсподелувана убава приказна.
Место каде времето се мери во воздишки!
Попова Кула од височина
2004
Основана
20+
Вина
11
Сорти грозје
33
Соби
Атракции во Демир Капија
Демир Капија е мала општина со голема туристичка понуда. Ова живописно место е популарно по винариите, убавината на кањонот „Железната порта “, историските места и неверојатната природа, која е идеална за сите видови спортска рекреација. Пешачење, планинарење, спортско качување, кајак и рафтинг, велосипедизам и пливање, набљудување птици и археологија – секој може да го најде она што е блиску до вашата душа!
Наздравје со природата!
КОНТАКТ
контактирајте нè за прашања и резервации
Одговараме во рок од еден работен ден.
РЕЗЕРВАЦИИ
Булевар на виното бр. 1, 1442 Демир Капија
+389 76 432 630 (телефон / Viber)
reservation@popovakula.com.mk
НАСТАНИ И ПОНУДИ
+389 75 432 600
lence@popovakula.com.mk

































