Касна Берба
Вина од доцна берба, со длабок вкус и високи шеќери

Вранец Victory
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Вранец
Опис на виното
Бојата на ова вино е неверојатно длабока и интензивна, со што на најдобар можен начин го отсликува самото значење на името Вранец (црн пастув). Аромите се интензивни и комплексни, со јасни ноти на цреша, капина, боровинка и аронија. На вкус ова е извонредно комплексно и богато вино со изразено полно тело, каде повторно се појавуваат ноти на цреша, капина, боровинка и аронија. Танините се богати, но неверојатно нежни, кадифени и добро вклопени. И покрај изразената доминантност и моќност, Вранец Victory е неверојатно добро избалансирано, фасцинантно елегантно, хармонично и питко вино. Послевкусот пак е извонредно долг.
Комбинација со храна
Прекрасно е во комбинација со свинско печење во сос од модри сливи, бифтек и сино сирење.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 6,9 грама на литар
Шеќери – 24,6 грама на литар
Алкохол – 14,5 % vol.
Берба
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата година. Овие услови, кои имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето од оваа година и создадоа одлични услови за експертските тимови за берење на грозјето и правење на виното. Грозјето се береше на крајот на октомври, доцна берба, со 10-15% стафидирани грозја кои дадоа специфична арома, вкус и повисоко ниво на шеќер. Бербата беше рачна, во доцните, посвежи вечерни часови, а грозјето потоа се ставаше во гајби.
Создавање на виното
1. Мелење на грозјето
2. 48-часовна ладна мацерација на 5°C
3. 10-дневна ферментација на 23-25°C
4. Јаболчно-млечна ферментација
5. Тивка ферментација во танкови во траење од 5 месеци
6. Бистрење, стабилизација и флаширање
Награди
Сребрен медал за Вранец Victory 2015 — Сакура вински награди 2017, Јапонија
