Аристократ
Спој на традицијата и модерната технологија

Вранец Аристократ
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% Вранец
Опис на виното
Вранецот е типична македонска сорта на грозје. Овој Вранец Аристократ е црвено суво вино со интензивна пурпурна боја. Има ароми и вкусови на боровинка, рибизла, мармалад од црни сливи, како и пријатен тон на карамела. Ова е темно и богато вино со полно тело и долготраен финиш.
Комбинација со храна
Ова вино оди извонредно добро со сите видови месо и со традиционални македонски и балкански јадења. Да се служи на температура 18-22°C.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,9 грама на литар
Шеќери – 2,2 грама на литар
Алкохол – 14,1 % vol.
Берба
Ова вино оди извонредно добро со сите видови месо и со традиционални македонски и балкански јадења. Да се служи на температура 18-22°C.
Создавање на виното
1. Мелење на грозјето и отстранување на дршките
2. 12-часовна мацерација во присуство на ензими
3. 10-дневна контролирана ферментација со специфични режими на аерација
4. Јаболчно-млечна ферментација за намалување на агресивните киселини, а воедно зголемување на ароматичноста и текстурата, проследено со понатамошно дозревање и стабилизирање
5. 30% зреено во дабови буриња и 70% зреено во иноксни танкови
6. Виното се остава да одстои 4 месеци во шишиња пред да се пушти во продажба
Награди
Сребрен медал за Вранец 2005 — Wine Festival Vinoskop 2007, Скопје

Прокупец Аристократ
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% Прокупец
Опис на виното
Прокупец е вино од заборавена балканска сорта на грозје, кое во ваква форма не може да се сретне никаде на друго место. Попова Кула му посвети посебно внимание на ова вино со цел повторно да им го претстави на љубителите на вино. Ова вино претставува хармонија на боја, мирис и вкус. Се одликува со жива рубин црвена боја, а мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша, додека во позадина се открива сува смоква. На вкус ова вино е лесно, хармонично и свежо. Сосема на крај останува вкусот на суво овошје, лешник и кора од леб.
Комбинација со храна
Препорачуваме да се служи на температура од 16-18°C со лесни предјадења, тестенини и варива.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,1 грама на литар
Шеќери – 1 грам на литар
Алкохол – 11,79 % vol.
Берба
Сезоната оваа година беше одлична во многу работи, беше најтопла, најраната и без сомнение една од најдобрите сезони за развој на одличен квалитет на овошјето. Во месецот февруари имаше невообичаено високи температури, по што следеа малку поладни температури во март што даде одлични предуслови за развој на вкусовите. Летото беше долго, многу жешко, што овозможи развој на повисоко ниво на шеќери од вообичаеното.
Создавање на виното
1. Мелење на грозјето и отстранување на дршките
2. Ладна мацерација 48 часа заради извлекување на максимум ароми и обоени материи
3. Се става во иноксни танкови за алкохолна ферментација, при што се додаваат посебно одбрани квасци за да може да ги добие карактеристичните ароми
4. За време на ферментацијата строго се контролира температурата, режимите на аерација и намалувањето на шеќерите
5. Јаболчно-млечна ферментација
6. Обработки за бистрење и стабилизирање на виното

Каберне Совињон Аристократ
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% Каберне Совињон
Опис на виното
Каберне Совињон Аристократ е извонредно суво црвено вино со рубинова боја и нијанси на пурпурна. Има комплексна и интензивна арома со доминација на цреша, вишна, како и типични зачински ароми на црвена пиперка, црн бибер и пријатни ванила тонови. Ова е добро балансирано вино со меки танини, чиј вкус се чувствува долго.
Комбинација со храна
Препорачуваме да се служи со јадења од црвено месо.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,8 грама на литар
Шеќери – 1 грам на литар
Алкохол – 13 % vol.
Берба
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата година. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови од винаријата.
Создавање на виното
1. Мелењето на грозјето и вадењето на дршките се врши на температура под 12°C
2. Грозјето така сомелено во иноксни танкови подлежи на ладна мацерација за развој и екстракција на ароми и вкусови кои се наоѓаат во грозјето
3. 10-дневна алкохолна ферментација и мало-лактичка ферментација во иноксни танкови, проследено со зреење на виното од 30% дабови буриња и 70% иноксни танкови
4. Виното се остава да одстои 6 месеци во шишиња пред да се пушти во продажба

Темјаника Аристократ
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% Каберне Темјаника
Опис на виното
Боја — нежно жолта со зелени нијанси. Аромата е експлозивна со акцент на свеж босилек, акација, личи, кора од портокал и восок. Вкусот е балансиран и нежен со ноти на мед на егзотична позадина. Долг, свеж и пријатен финиш.
Комбинација со храна
Препорачуваме да се конзумира добро оладен на температура од 10-12°C, комбиниран со азиска и индиска храна, бело месо и лесни десерти од лимон.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,0 грама на литар
Шеќери – 1,0 грам на литар
Алкохол – 12,5 % vol.
Создавање на виното
1. Рачно обрано во раните утрински часови
2. Користење на специјална технологија за да се зачуваат аромите на оваа сорта грозје
3. Се применуваат специјални процеси на мацерација и мелење
4. Употребени се најсофистицирани енолошки продукти — ензими и квасци, со цел да се зачуваат аромите на ова деликатно вино
Награди
Златен медал за Темјаника Аристократ 2014 — Japan Women’s Wine Awards Sakura 2016
Бронзен медал за Темјаника 2007 — Вино Скоп 2008

Шардоне Аристократ
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% Шардоне
Опис на виното
Боја — златна со зелени нијанси. Аромата е интензивна и атрактивна со свеж карактер. Се откриваат нијанси на минерали, фини цитрусни ароми, ананас, сува кајсија, мед и непечен лешник. Вкусот е мек, свеж, овошен, со продолжено дејство и многу интригирачки. Финишот е долг и незаборавен.
Комбинација со храна
Најдобро е да се конзумира оладен на 10-12°C во комбинација со риба, тестенини и десерти. Исто така добро оди и со меки сирења како Camembert и Brie. За арно, за убаво!
Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,5 грама на литар
Шеќери – 1 грам на литар
Алкохол – 13,5 % vol.
Создавање на виното
1. Набрано од внимателно селектирани лозови насади
2. Гроздовите се целосно исчистени од дршките
3. 8 часа ладна мацерација (контакт со кожа) во присуство на ензими за омекнување на танините
4. 15-18 дена ферментација за фино нагодување на киселините и текстурната рамнотежа при контролирање на температурата
5. Бистрење и стабилизација на виното
6. Ферментирано во иноксни цистерни
