Аристократ

За арно за убаво!

Вранец Аристократ
Прокупец аристократ
Кабернет Совињон
Темјаника Аристократ
Шардоне Аристократ

Вранец Аристократ

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% Вранец

Опис на виното:
Вранецот е типична македонска сорта на грозје. Овој Вранец Аристократ е црвено суво вино со интензивна пурпурна боја. Има ароми и вкусови на боровинка, рибизла, мармалад од црни сливи како и пријатен тон на карамела. Ова е темно и богато вино со полно тело и долготраен финиш.

Комбнација со храна: 
Ова вино оди извонредно добро со сите видови на месо и со традиционални македонски и балкански јадења. Да се служи на температура 18-22°.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,9 g/l
Шеќер: 2.2 g/l
Алкохол: 14,2 % vol.

Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата годна. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови од винаријата. Грозјето се береше од 23 до 25 Септември, од 4 до 6 Октомври и од 8 до 10 Октомври со најдобрите можни индикатори во однос на зрелоста која се состои од баланс помеѓу шеќерите, киселините и содржи најголема концентрација на овошни вкусови кои се наоѓаат во лушпата. Грозјето се береше рачно одбирајќи
ги најдобрите гроздови кои се транспортирани во гајби кои тежат до 10 кг. Поради овој начин на обработка добиваме комплетна контрола врз грозјето, видот на винификацијата и понатамошното зреење на виното кое ни претстои.

Создавање на виното:

  • Мелење на грозјето и остранување на дршките.
  • 12 часовна мацерација во присуство на ензими
  • 10 дневна контролирана ферментација со специфични режими на аерација
  • Јаболчно-млечна ферментација за намалување на агресивните киселини а воедно зголемување на ароматичноста и текстурата, проследено со понатамошно дозревање и стабилизирање.
  • 30% зреено во дабови буриња и 70% зреено во инокс танкови
  • Виното се остава да одстои 4 месеци во шишиња пред да се пушти во продажба

Награди:

  •  Сребрен медал за Вранец 2005 -Wine Festival Vinoskop 2007 Skopje

Прокупец аристократ

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% Прокупец

Опис на виното:

Прокупец e вино од заборавена балканска сорта на грозје, кое во ваква форма не може да се сретне никаде на друго место. Попова Кула му посвети посебно внимание на ова вино со цел повторно да им го претстави на љубителите на вино. Ова вино претставува хармонија на боја, мирис  и вкус. Се одликува со жива рубин црвена боја, a мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша, додека во позадина се открива сува смоква. На вкус ова вино е лесно, хармонично и свежо. Сосема на крај останува вкусот на суво овошје, лешник и кора од леб. 

Комбинација со храна:
Препорачуваме да се служи на температура од 16-18°C со лесни предјадења, тестенини и варива.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,1 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 11,79%

Берба:
Сезоната оваа година беше одлична во многу работи, беше најтопла, најраната и без сомнение една од најдобрите сезони за развој на одличен квалитет на овошјето. Во месецот Февруари имаше невообичаено високи температури, по што следеа малку поладни температури во март што даде одлични предуслови за развој на вкусовите. Летото беше долго, многу жешко, што овозможи развој на повисоко ниво на шеќери од вообичаеното.

Создавање на виното:

  • Мелење на грозјето и отстранување на дршките
  • ладна мацерација 48 часа заради извлекување на максимум на ароми и обоени материи
  • се става во инокс танкови за алкохолна ферментација при што се додаваат посебно одбрани квасци за да може да ги добие карактеристичните ароми
  • за време на ферментацијата строго се контролира температурата, режимите на аерација и намалување на шеќерите
  • Јаболчно млечна ферментација
  • Обработки за бистрење и стабилизирање на виното.

Кабернет Совињон Аристократ

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% Каберне Совињон

Опис на виното:
Каберне совињон Аристократ е извонредно суво црвено вино со рубинова и нијанси на пурпурна боја. Има комплексна и интензивна арома со доминација на цреша, вишна, како и типични зачински ароми на црвена пиперка, црн бибер и пријатни ванила тонови. Ова е добро балансирано вино со меки танини, чиј вкус се чувствува долго.

Комбинација со храна: 
Препорачуваме да се служи на температура со јадења од црвено месо.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,8 g/l
Шеќер: 1 g/l
Алкохол: 13 % vol.

Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата годна. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови од винаријата.

Создавање на виното:

  • Мелењето на грозјето и вадењето на дршките се врши на температура
    под 12°
  • Грозјето така сомелено во инокс танкови подлежи на ладна мацерација
    за развој и екстракција на ароми и вкусови кои се наоѓаат во грозјето
  • 10 дневна алкохолна ферментација и мало-лактичка ферментација во инокс танкови, проследено со зреење на виното од 30% дабови буриња и 70% инокс танкови.
  • Виното се остава да одстои 6 месеци во шишиња пред да се пушти во
    продажба

Темјаника Аристократ

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% Тeмјаника

Опис на виното:
Боја - нежно жолта со зелени нијанси. Аромата е експлозивна со акцент на свеж босилек, акација, личи, кора од портикал и восок. Вкусот е блансиран и нежен со ноти на мед на егзотина позадина. Долг, свеж и пријатен финиш.

Комбнација со храна:  Препорачуваме да се конзумира добро оладен на температура од  10-12°C комбиниран со азиска и индиска храна, бело месо и лесни десерти од лимон.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,0 g/l
Шеќер: 1.0 g/l
Алкохол: 12,5 % vol.
 
Создавање на виното:

  • Рачно обрано во раните утрински часови
  • Користење на специјална технологија за да се зачуваат аромите на оваа сорта грозје
  • Се применуваат специјални процеси на мацерација и мелење
  • Употребени се најсофистицирани енолошки продукти - ензими и квасци со цел да се зачуваат аромите на ова деликатно вино.

Награди:

  • Златен медал за Temjanika Aristokrat 2014 – Japan Women’s Wine Awards Sakura 2016
  • Бронзен медал за Темјаника 2007 – Вино Скоп 2008

Шардоне Аристократ

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% Шардоне
 
Опис на виното:
Боја - златна со зелени нијанси. Аромата е интензивна и атрактивна со свеж карактер. Се откриваат нијанси на минерали, фини цитрусни арони, ананас, сува кајсија, мед и непечен лешник. Вкусот е мек, свеж, овошен со продолжено дејство и многу интриирачки. Финишот е долг и незабооравен.

Комбинација со храна: најдобро е да се конзумира оладен на 10-12°C во комбинација со риба, тестенини и десерти. Исто така добро оди и со меки сирења како Camembert и Brie. За арно, за убаво!

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5.5 g/l
Шеќер: 1 g/l
Алкохол: 13,5% vol.

Создавање на виното:

  • Набраан од внимателно селектирани лозови насади
  • Гроздовите се целосно исчистени од дршките
  • 8 часа ладна мацерација (контакт со кожа) во присуство на ензими за омекнување на танините
  • 15-18 дена ферментација за фино нагодување на киселините и текстуалната рамнотежа при контролирање на температурата
  • Бистрење и стабилизација на виното
  • Ферментирано во иноксни цистерни.
За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-downarrow-left
mk_MKMacedonian
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram