Нашите лозја

Тероар и лозја

Македонија има три вински региони од кој најзначаен е централниот т.е. Повардаријето. Најпознатиот и најважниот винарски дел пак од тој регион е Тиквешијата. Демир Капијската долина како вински подрегион е пак најјужниот дел од Тиквешијата. Карактеристика на Демир Капијската Долина е што тука се меша континентална клима која е застапена во другиот дел од Тиквешијата со медитеранска клима која е застапена од другата страна на Демир Капијската клисура.

Попова Кула тероар

Во рамките на Демир Капиjската долина Попова Кула е името на микролокалитетот т.е. специфичниот тероар каде што е лоцирана Винарска Визба Попова Кула. Тука на 182м надморска висина имаме над 280 сончеви денови, калциум карбонатна почва, благо накосен терен со јужна-југозападна експозиција каде што врнежите од дожд и снег лесно се дренираат самите од себе и каде што имаме пролонгирана експозиција на лозовите насади на сонце. Но, овде имаме и специфична ружа на ветрови која е единствена не само во регионот туку и за самата Демир Капијска долина. Имено дневните топли ветрови кои доаѓаат од југ од правецот на Демир Капијската клисура директно дуваат кон нашиот локалитет. Тоа придонесува за здравјето на нашите лозја. Навечер пак и во најжешките денови од Август имаме малку поладен ветар кој се спушта од Кожуф планина и ги лади лозовите насади. Тука добиваме здраво грозје, одлични шеќери, киселини и богатство на вкусови и ароми со препознатлив и многу карактеристичен минералитет кој е карактеристичен и уникатен само за овој тероар – микролокалитет.
Тука се нашите лозја:
- Станушина
- Вранец 1,
- Вранец 2,
- Кабернет Совињон
- Жилавка 1

Бесвички ливадки тероар

Во рамките на Демир Капиjската долина се наоѓа и тероарот - микролокалитетот Бесвички Ливадки и тоа на 400м надморска висина и тоа западно над Винарска Визба Попова Кула. Таму истотака имаме калциум карбонатна почва која лесно се дренира но која има неутрална до северна експозиција што во услови на над 280 сончеви денови дава одлични резултати за белите сорти и за Прокупецот. Тука истотака имаме друга специфична ружа на ветрови со доминација на посвежи ветрови од Кожуф планина кои добро ги ладат насадите поготово во вечерните часови што допринесува за здравјето на истите но и за богатството на вински киселини кои се високи споредени со просечните за Македонија. Овој тероар дава квалитетни грозја со богати ароми од кои правиме бели вина кои стареат многу добро што е една извонредна карактеристика што не се среќава секаде.
Тука се нашите лозја:
- Темјаника
- Шардоне
- Совињон Бланк
- Мускат Отонел
- Жилавка 2
- Прокупец

За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-down
mk_MKMacedonian
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram