Касна Берба

За арно за убаво!

Вранец Victory
Темјаника Sweet

Вранец Victory

Тиквешко виногорје, Демир Капија

Состав: 100% Вранец

Опис на вкусот: 

Бојата на ова вино  е неверојатно длабока и интензивна со што на најдобар можен начин го отсликува самото значење на името Вранец (црн пастув). Аромите се интензивни и комплексни, со јасни ноти на цреша, капина, боровинка и аронија. На вкус ова е извонредно комплексно и богато вино со изразено полно тело каде повторно се појавуваат ноти на цреша, капина боровинка и аронија. Танините се богати, но неверојатно нежни, кадифени и добро вклопени. И покрај изразената доминантност и моќност, Вранец Victory е неверојатно добро избалансирано, фасцинантно елегантно, хармонично и питко вино. Послевкусот пак е извонредно долг. 

Комбинација со храна:

Прекрасно е во комбинација со свинско печење во сос од модри сливи, бифтек и сино сирење.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 6,9 грама на литар
Шеќери: 24,6 грама на литар
Алкохол: 14,5 % вол.

Берба: По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата година. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, допринесоа за висок квалитет на грозјето од оваа година и создадоа одлични услови за експертските тимови за правење и берење на грозјето. Грозјето се береше на крај на Октомври, доцна берба, со 10-15% стафидирани грозја. Грозјето се береше рачно во доцни, посвежи, вечерни часови и потоа се ставаше во гајбите.

Создавање на виното:

  • Мелење на грозјето
  • 48 часовна ладна мацерација на 15С степени за омекнување на танините
  • 10 дневна ферментација на 23-250С степени за време на која два пати се прави целосен „ремонтаж“
  • Јаболчно млечна ферментација
  • Тивка ферментација во танкови во траење од 5 месеци
  • Бистрење, стабилизација и флаширање

 Награди:

Сребрен медал за Вранец Виктори 2015 – Сакура вински награди 2017, Јапонија  

Темјаника Sweet

Темјаника Свит 2015

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% темјаника

Опис на виното:
Темјаника Свит е благо бело вино со изразито жолта боја и ароми на камилица, мед и праска.  Изразените шеќери и долгиот вкус му даваат на ова вино шармантна и префинета нота.

Комбинација со храна: Најдобро е да се конзумира изладено на 12°C со чоколадни десерти и оризен пудинг. За арно, за убаво!

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,6 грама на литар
Шеќери: 68,2 грама на литар
Алкохол: 12,32 %

Берба:
Сезоната беше одлична во многу работи, беше најтоплата, најраната и без сомнение една од најдобрите за развој на одличен квалитет на овошјето. Во месецот Февруари имаше невообичаено високи температури, по што следеа малку поладни температури во март што создаде одлични предуслови за развој на вкусовите. Летото беше долго, многу жешко, што овозможи развој на повисоко ниво на шеќери од вообичаеното. Грозјето се береше рачно на крај на август со достигнување на нивото на шеќери на 24. Грозјето внимателно се бира во најдобрата зрелост и се става во гајби.

Создавање на виното:

  • Ладење на грозјето
  • Мелење и отстранување на дршките
  • Пресување
  • Бистрење на ширата
  • Ферментација при контролирана температура
  • Кога концентрацијата на шеќер е на посакуваното ниво ферментацијата се  стопира со нагло снижување на температурата
  • Процеси на стабилизирање и бистрење 
За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-downarrow-left
mk_MKMacedonian
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram