Наши настани и забави

Место каде времето се мери во воздишки

Наши настани и забави

Винарска Визба Попова Кула ги почитува и следи локални традиции и празници.

Ние организираме интересни и уникатни забави за меѓународни, традициони и сопствени прослави.

Следете на социјалните мрежи (Facebook и Instagram) за да не ги пропуштите нашите настани и забави.

Ве очекуваме!

Лаванда фотосесија

Попова Кула има засадено прекрасно поле со лаванда. Од овие миризливи растенија ние произведуваме органско масло и хидросол, но организираме и неверојатни фотосесии пред да го ожнееме цвеќето. Добредојдовте и вие на фотосесијата во последните две недели во јуни.

Св. Богородица

Св. Богородица е заштитник на Демир Капија. Локалната црква е Св. Богородица. Овој празник се празнува секоја година на 28 Август а на Попова Кула ова е и роденден. Затоа секоја година организираме забава. Таа забава ја обележуваме и како старт на нова берба. Ве покануваме да ни се придружите.

Забава за крај на берба

На крај од секоја берба, по напорната работа организираме забава. Точниот датум никогаш неможеме да го одредиме точно затоа што се зависи од климата но обично тоа паѓа во првите две недели од Октомври. Ова го најавуваме неколку дена пред настанот на нашата веб страна и ве покануваме да ни се придружите.

Дочек на Нова Година

Секоја година организираме спектакуларен дочек за Нова Година во нашиот ресторан и хотел. Совршени вина, вкусна и богата храна, музика во живо, огномет и забави - се она што нашите клиенти го сакаат.

Св. Трифун

Меѓу празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Св. Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Св. Трифун како заштитник на лозарите и градинарите секоја година е на 14 февруари и истиот е посебен ден за нас и нашата винарија, кога свештеникот пее молитви и го благословува нашето виногорје да биде здраво и плодно. По молитвата обично прославуваме со вино и музика. Бујрум!

8ми Март

Меѓународниот ден на жената е традиционална прослава во Македонија. Ние организираме специјални понуди, мени и забава за најнежните и најпрекрасните дами! Вообичаено овој празник го означува и почетокот на новата туристичка сезона.

1ви Мај

Меѓународниот ден на трудот, кој се празнува во многу земји, е убав пролетен празник. На двор, под топлото мајско сонце, да се релаксираме со традиционална македонска скара, вино и музика. Ние организираме, а вие уживајте во нашиот широк двор и прекрасниот амбиент!

За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-down
mk_MKMacedonian
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram