TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Алтан 2013

Тиквешко виногорје, Демир Капија

Состав: 70% Совињон Блан, 25% Шардоне, 5% Мускат Отонел

Опис на виното:
Алтан  е уникатно вино кое се одликува со доминантни ароми на круша и праска, додека во позадина нежно се појавуваат хербалните ноти на бозел, босилок и ароматични тревки. Вкусот го прати мирисот и е доста комплексен. Има изразено тело и одличен баланс на киселините, што го прави ова вино освежувачко. Виното долго останува во устата, оставајќи пријатно чувство на полност и хармоничност.

Комбинација со храна:
Препорачуваме да се конзумира изладено на температура од 8-10°C со секаков вид на сирења, јадења од бело месо и риба, а исто така одлично одговара и со кремасти десерти.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,9грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 13%

Берба:
Целата година беше година на предизвик. По умерените температури во февруари, сезоната на растење на грозјето започна со силни пролетни мрзнења, што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во летниот период температурата беше прилично висока, што е типично за Тиквешкиот регион. Тимот на гроздоберачите и винарите се посветија себе си и посветија посебно внимание,  виното произведено од оваа берба да биде со посебен квалитет.