Имаме преку 20 различни видови вино од 11 различни сорти на грозје. Со помош на нашиот професионален дегустатор на вино можете да направите избор за вашата винска дегустација.
Типичната дегустација вклучува 5 различни типови вино со соодветно сирење, пршути и десерт, а нудиме и гастрономска винска дегустација од 5 различни типови вино со компатибилен целосен оброк.
Нашата богата палета на врвни вина ви омозможува да имате ралична винска дегустација секогаш кога го посетувате овој храм на виното Винарската Визба Попова Кула.
Овде имате единствена можност да пробате вино произведено од автохтони македонски и регионални сорти на грозје, како што се: Станушина, Вранец, Темјаника, Жилавка и Прокупец. Како ексклузивна понуда ви нудиме наши специјални вина коишто не можете да ги најдете во продажба на пазарот.