Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% станушина
Опис на виното:
Станушина Розе е прекрасно суво вино со нежна светло розова боја. Аромите се интензивни и богати. Во нив среќаваме нијанси на дива јагода, пролетни цветови и арома на сок од дренка. Се дефинираат и аромите на свежи црвени овошки, пред се на јагода и малина. Вкусот е елегантен и долготраен, а завршетокот е свеж и пријатен.
Предлог за храна:
Поради богатиот овошен карактер може да се консумира како аперитив во топлите летни денови, а исто така и како десертно вино со овошни салати и сладолед, на температура од 10-12˚C.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,8 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 13 % вол.
Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваасо пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.
Создавање на виното:
- Мелење на грозјето и отстранување на дршките на температура под 12°C
- Ладење на гроздената каша
- Одреден период на мацерација на ширата со цврстите делови од грозјето.
- Бистрење на ширата
- Долга ферментација при контролирана ниска температура
- Посебни третмани за бистрење и филтрација на виното заради нежниот карактер на виното
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Станушина
Опис на виното:
Нашата Станушина е румено вино со интензивна арома на јагода, малина и сув лист. Станушината е вино за секој ден и секоја прилика, со траен впечаток на свежина и леснина.
Комбинација со храна:
Вкусот се карактеризира со впечатлива овошна блажина што го прави ова вино извонредно добро за конзумирање со бели и жолти сирења, јаткасто овошје и слатки на температура од 10-16˚C.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,2 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 11,5 % вол.
Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата годна. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови од винаријата. Грозјето се береше рачно во средина на октомври од место со 600 метри надморска височина.
Создавање на виното:
Произведено е по технологија за создавање на црвени вина ферментација со цели зрна грозје во траење од 10 дена при контролирана температура, аерација и со внимателен избор на селекционирани квасци.
Обработките за бистрење на ова вино се посебни. Станушината е автохтона македонска сорта на грозје.
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Станушина
Опис на виното:
Станушина Барик е извонредно суво вино со рубин црвена боја. Поседува исклучително комплексни ароми на зелен орев, црвена рибизла, мајчина душичка и зрела вишна. Виното има прекрасна хармонија и структура, добро избалансиран вкус со доминација на зелена пиперка, зрела вишна и фин мошус. Послевкусот е долг и се запамтува.
Комбинација со храна:
Препорачуваме да се пие на температура од 12-16°C во комбинација со пикантни јадења.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 12 % вол.
Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата годна. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови од винаријата. Грозјето се береше рачно во средина на октомври од место со 600 метри надморска височина.
Создавање на виното:
Произведено е по технологија за создавање на црвени вина
Ферментација со цели зрна грозје во траење од 10 дена при контролирана температура, аерација и со внимателен избор на селекционирани квасци, како и зреење во дабови буриња од најмалку 6 месеци.
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% станушина
Опис на виното:
Станушина Бела е инзвонредно суво бело вино со изразена златно-жолтеникава боја. Аромите се интензивни и комплексни. Во нив среќаваме ароми на диња, ананас и кора од портокал, проследена со висока минералност и препечени јаткасти плодови. Вкусот е елегантен и долг кој се карактеризира со одличен баланс помеѓу алкохолот и киселините и завршува со слатко пријатна битерност.
Предлог за храна:
Поради високата минералност а воедно и егзотична овошност ова вино би го препорачале со секаков вид на риба и специјалитети од бели меса. Температура на служење: 10-12˚C.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5.4 грама на литар
Шеќери: 5 грама на литар
Алкохол: 13 % вол.
Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето. Бербата на грозјето се одвиваше многу блиску до периодот на неговата технолошка зрелост, главно поради фактот што послабо обоените гроздови се рачно одбирани за производство на бело вино добиено од црвено обоено грозје. Момент кога во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.
Создавање на виното:
- Мелење на грозјето и отстранување на дршките на температура под 12°C
- Ладење на гроздената каша
- Долга ферментација при контролирана ниска температура
- Посебни третмани за бистрење и филтрација на виното заради нежниот карактер на
виното