ВИНАРСКА ВИЗБА ПОПОВА КУЛА

За арно за убаво

Нашите вина РЕЗЕРВИРАЈ

ВИНАРИЈА:

Дегустации и обиколки со претходна најава

ХОТЕЛ:

33 соби во 10 типа, со појадок

РЕСТОРАН:

Чардак, Летна тераса и Кула

Нашите производи

Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација – Попова Кула. Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од лаванда од сопствени полиња.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
КУПИ ВЕДНАШ

Добредојдовте

Попова Кула е уникатен комплекс кој опфаќа винарија, стилизиран хотел со 33 соби, ресторан со прекрасна тераса и летен отворен дел, детско игралиште и широк двор, автокамп и продавница за вино и подароци. Самата локација плени со своето прекрасно опкружување но и со фантастичниот поглед. Ова е едно од најубавите места за различни настани како што се свадби на отворено, забави, тим-билдинг, семинари и конгреси. Нашиот тим од професионалци ќе се потруди вашиот престој кај нас да биде ваша најсподелувана убава приказна.

Место каде времето се мери во воздишки!

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
РЕЗЕРВИРАЈ
Попова Кула од височина

2004

Основана

20+

Вина

11

Сорти грозје

33

Соби

  • Станушина е автохтоно македонско вино, малку познато надвор од границите на Македонија и ми беше кажано дека не може да се најде на друго место во светот. Ги пробав Станушина Барик и Станушина Розе од производителот Попова Кула и двете беа зачудувачки добри. Со бледа боја и полесно тело и двете вина покажаа интензивна арома на бобинки со нишки од сушени билки, богати вкусови на непцето и со прекрасен свеж стил. 
    JOEL MACK
    Vintrospective

Атракции во Демир Капија

Демир Капија е мала општина со голема туристичка понуда. Ова живописно место е популарно по винариите, убавината на кањонот „Железната порта “, историските места и неверојатната природа, која е идеална за сите видови спортска рекреација. Пешачење, планинарење, спортско качување, кајак и рафтинг, велосипедизам и пливање, набљудување птици и археологија – секој може да го најде она што е блиску до вашата душа!

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
КОНТАКТ

контактирајте нè за прашања и резервации

Одговараме во рок од еден работен ден.

РЕЗЕРВАЦИИ

Булевар на виното бр. 1, 1442 Демир Капија
+389 76 432 630 (телефон / Viber)
reservation@popovakula.com.mk


НАСТАНИ И ПОНУДИ

+389 75 432 600
lence@popovakula.com.mk