Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација - Попова Кула.
Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од лаванда од сопствени полиња.
За арно за убаво!
Демир Капија е мала општина со голема туристичка понуда. Ова живописно место е популарно по винариите, убавината на кањонот „Железната порта “, историските места и неверојатната природа, која е идеална за сите видови спортска рекреација. Пешачење, планинарење, спортско качување, кајак и рафтинг, велосипедизам и пливање, набљудување птици и археологија - секој може да го најде она што е блиску до вашата душа!
Наздравје со природата!
МЕНИ
Чаша вино за добродојде
Алтан 2021г.
Примавера салата
(марула, рукола, морков, карамелизирано сирење и сусам)
Главно јадење
Свинско печење со сос и роловано пилешко со гарнир-печен компир и зеленчук
Десерт
Чоколадна торта со прелив од малини
Цена по лице 1 100 мкд
Музика во живо - почеток 12:00 часот.
СПЕЦИЈАЛНА ПРАЗНИЧНА ПОНУДА ЗА ХОТЕЛОТ ОД 28.04.2023 ДО 02.05.2023.
Нашиот тимот ќе се потруди гостите да имаат незаборавни мигови.
Контакт: 075 432 600; reservation@popovakula.com.mk;
За арно, за убаво!