Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација - Попова Кула.
Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од лаванда од сопствени полиња.
За арно за убаво!
Демир Капија е мала општина со голема туристичка понуда. Ова живописно место е популарно по винариите, убавината на кањонот „Железната порта “, историските места и неверојатната природа, која е идеална за сите видови спортска рекреација. Пешачење, планинарење, спортско качување, кајак и рафтинг, велосипедизам и пливање, набљудување птици и археологија - секој може да го најде она што е блиску до вашата душа!
Наздравје со природата!
ИСКОРИСТЕТЕ ГО СОНЧЕВИОТ ВИКЕНД!
Ресторанот на Попова Кула се наоѓа во срцето на нашата татковина, опкружен со планини, природа и историја. Добро прочуените реномирани вина и превкусната храна ве чекаат на дегустирање.
Прекрасно детско катче за повеќе генерации кое е целосно обезбедено и е на отворено во крај кој изобилува со чист воздух.
_______________________________________________________________________
ВВ Попова Кула Ви нуди идеални услови за одржување на семинари, тим-билдинг активности, презентации, конференции.
Нема подобар начин за да се подобрат односите меѓу вашиот тим со одлични вина, добра храна и дегустација на вино со чија помош ќе им се заблагодарите на највредните работници за нивната напорна работа!
Контакт: 075 432 600
Ве очекуваме.
За арно, за убаво!