Специјална понуда

Нашите производи

Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација - Попова Кула.
Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од лаванда од сопствени полиња.
За арно за убаво!

Добредојдовте

Попова Кула е уникатен комплекс кој опфаќа винарија, стилизиран хотел со 33 соби, ресторан со прекрасна тераса и летен отворен дел, детско игралиште и широк двор, автокамп и продавница за вино и подароци. Самата локација плени со своето прекрасно опкружување но и со фантастичниот поглед. Ова е едно од најубавите места за различни настани како што се свадби на отворено, забави, тим-билдинг, семинари и конгреси. Нашиот тим од професионалци ќе се потруди вашиот престој кај нас да биде ваша најсподелувана убава приказна.
Место каде времето се мери во воздишки!

Атракции во Демир Капија

Демир Капија е мала општина со голема туристичка понуда. Ова живописно место е популарно по винариите, убавината на кањонот „Железната порта “, историските места и неверојатната природа, која е идеална за сите видови спортска рекреација. Пешачење, планинарење, спортско качување, кајак и рафтинг, велосипедизам и пливање, набљудување птици и археологија - секој може да го најде она што е блиску до вашата душа!
Наздравје со природата!

Светски ден на Вранец - 5 октомври 2023

Со задоволство ве покануваме на 5-тиот годишен Светски ден на Вранец на 5 октомври 2023 година во 11:00 часот во Едукативниот центар М6 во Скопје!

Петтата итерација ќе ги обедини регионалните производители на Вранец, како и винските експерти и ентузијасти од целиот свет, со цел меѓународна промоција и препознатливост на овие вина. Уникатноста на Вранец ќе биде илустрирана преку едукативни презентации и панел дискусии.

Во организација на Здружението „Вина од Македонија“, петтата итерација ќе ги обедини македонските и регионалните производители на Вранец, како и винските експерти и ентузијасти од целиот свет, со цел меѓународна промоција и препознатливост на овие вина. Уникатноста на Вранец ќе биде илустрирана преку едукативни презентации и панел дискусии. Ќе оддадеме чест и на еден амбасадор на Вранец. Потоа, во Винскиот салон ќе бидат претставени над 50 вина Вранец произведени од винарии од Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија!

дознај повеќе
За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-down linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram