Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација - Попова Кула.
Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од лаванда од сопствени полиња.
За арно за убаво!
Демир Капија е мала општина со голема туристичка понуда. Ова живописно место е популарно по винариите, убавината на кањонот „Железната порта “, историските места и неверојатната природа, која е идеална за сите видови спортска рекреација. Пешачење, планинарење, спортско качување, кајак и рафтинг, велосипедизам и пливање, набљудување птици и археологија - секој може да го најде она што е блиску до вашата душа!
Наздравје со природата!
Придружете ни се на забавата во дворот на Попова Кула и уживајте во специјалното првомајско мени во прекрасна атмосфера на отворено
со македонски бенд
(музиката започнува од 12h).
Резервации на тел:
Tel. + 389 76 432 630
Tel.: + 389 75 432 600