Внатрешниот дел од ресторанот е со капацитет од 100 гости и пружа прекрасен поглед на околината. Ви нудиме широк избор на специјалитети и грижливо селектирани комбинации, како и специјализирани менија од традиционална македонска и интернационална кујна во комбинација со нашите прекрасни вина.
Работно време на ресторанот зависи од сезоната. Вообичаено на google.com ги ажурираме податоците за работното време. Ве молиме проверте со впишување Popova Kula Winery на google.com или кликнете на овој линк.
Летниот ресторан е сместен во дворот пред основната зграда, откаде што се отвара пленувачки поглед кон Демир Каписката долина, кањонот и околните ридови и планини. Овој ресторан кој располага со 80 места за седење во покриен застаклен дел и 60 под трем, е идеално место зa уживање во топли денови. За децата тука е и нивното специјално катче со играчки. На тревникот пак има можност за поставување на дополнителни перголи или шатори за прием на поголеми групи на гости.
Работно време на ресторанот зависи од сезоната. Вообичаено на google.com ги ажурираме податоците за работното време. Ве молиме проверте со впишување Popova Kula Winery на google.com или кликнете на овој линк.
Располагаме и со мала сала за 24 лица во кулата која нуди 360º поглед на спектакуларната Демир Капијска долина. Во оваа сала вообичаено организираме мали приватни забави но и помали корпоративни состаноци.