Perfect Choice
Зреени најмалку 12 месеци во четири вида дабови буриња

Вранец Perfect Choice
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Вранец
Опис на виното
Ова исклучително вино Вранец Perfect Choice е сублимат на традиционалното и модерното, комбинација на високо квалитетно грозје и најмодерна технологија. Се одликува со длабока рубин боја, арома на презреана цреша и боровинки. Вкусот е богат и разнообразен, полн и долг. Зреено најмалку 12 месеци во четири различни видови на дабови буриња, ова вино претставува вистинска класика на совршенство! Ви препорачуваме да го декантирате 20 минути пред да го конзумирате. Секогаш совршен избор!
Комбинација со храна
Прекрасно е во комбинација со дивеч, а предлагаме да се проба и со црно чоколадо.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 6,1 грама на литар
Шеќери – 2,2 грама на литар
Алкохол – 14 % vol.
Берба
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата година. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето од оваа година и создадоа одлични услови за експертските тимови за правење и берење на грозјето. Грозјето се береше на крајот на октомври, доцна берба, со 10-15% стафидирани грозја. Грозјето се береше рачно во доцни, посвежи, вечерни часови и потоа се ставаше во гајбите.
Создавање на виното
1. Мелење на грозјето
2. 48-часовна ладна мацерација на 15°C
3. 10-дневна ферментација на 23-25°C, за време на која два пати се прави целосен „ремонтаж”
4. Јаболчно-млечна ферментација
5. Зреење на виното во 4 вида дабови буриња (македонски, француски, американски и унгарски) во времетраење од 12-18 месеци
6. Тивка ферментација во танкови во траење од 5 месеци
7. Бистрење, стабилизација и флаширање
8. Виното се остава да отстои 1 година во шише пред да се пушти во продажба
Награди
Златен медал за Вранец Перфект Чоис 2005 — Саем за вино Сплит 2009
Златен медал за Вранец Перфект Чоис 2005 — Вински фестивал Виноскоп Скопје 2008
Сребрен медал за Вранец Перфект Чоис 2005 — Саем за вино Нови Сад 2009
Сребрен медал за Вранец Перфект Чоис 2005 — Кралски вински натпревар Белград 2009

Каберне Совињон Perfect Choice
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Каберне Совињон
Опис на виното
Нашиот Каберне Совињон Perfect Choice е фантастичен производ од Тиквешкиот регион. Има полно тело и богата темно црвена боја. Ова вино е симфонија од ароми: ванила, какао и џем од црни сливи, кои се чувствуваат и во вкусот. Зреено најмалку 12 месеци во четири различни видови на дабови буриња, неговиот богат вкус и одлично тело завршуваат во неверојатен, долготраен финиш. Произведено во година на одлична берба во лимитирани количини, ова е можност што не треба да се пропушти. Вистинска рапсодија на вкусови!
Комбинација со храна
Препорачуваме виното да се конзумира на собна температура во комбинација со црвени меса, а за љубителите на експерименти ја предлагаме и комбинацијата со традиционални азиски јадења.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,7 грама на литар
Шеќери – 1 грам на литар
Алкохол – 13 % vol.
Берба
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната во 2014 година. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата година. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, придонесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови за правење и берење на грозјето. Грозјето се береше од посебен „terroir” на 500 метри надморска височина. Секој грозд е рачно набран и потоа ставен во гајби со цел да се одберат најдобрите делови од грозјето, имајќи притоа целосна контрола над процесот на ферментација. Бербата беше во раните утрински часови со цел да се сочуваат аромите во нивната најдобра состојба.
Создавање на виното
1. Мелење на грозјето
2. 24 часа ладна мацерација на 12°C
3. 10-дневна ферментација во текот на која се одвива и мацерација на 20-24°C
4. Јаболчно-млечна ферментација
5. Процеси на бистрење и стабилизирање на младото вино
6. Зреење на виното во 4 вида дабови буриња (македонски, француски, американски и унгарски) во времетраење од 12-18 месеци
7. Виното се остава да се развива во шишиња 8-12 месеци
Награди
Златен медал за Каберне Совињон Перфект Чоис 2005 — Кралски вински натпревар Белград 2009
Златен медал за Каберне Совињон Перфект Чоис 2005 — Саем за вино Сплит 2009
Златен медал за Каберне Совињон Перфект Чоис 2005 — Саем за вино Мостар 2009
Златен медал за Каберне Совињон Перфект Чоис 2005 — Саем за вино Нови Сад 2009
Сребрен медал за Каберне Совињон Перфект Чоис 2005 — Вино и алкохолни пијалоци Варшава 2007, ценовна категорија над 17 евра

Шардоне Perfect Choice
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% шардоне
Опис на виното
Шардоне Барик е бело вино со блескава жолто-зелена боја. Виното покажува богата палета од ароми — зрели жолти овошја, ананас, праска, нијанси на ванила и бело чоколадо, истакнати на база на минерална чистота. Вкусот е со многу добра структура и хармонија. Во него се издвојуваат аромите на путер, круша и овошен пудинг. Има сочен финиш и траен впечатлив послевкус што се задржува со сензуална зрелост од барик.
Комбинација со храна
Се конзумира изладено до 12°C со бели меса и паста.
Анализа на виното
Вкупни киселини – 5,70 грама на литар
Шеќери – 1 грам на литар
Алкохол – 14,6 % vol.
Берба
Сезоната оваа година беше одлична во многу работи, беше најтопла, најрана и без сомнение една од најдобрите сезони за развој на одличен квалитет на овошјето. Во месецот февруари имаше невообичаено високи температури, по што следеа малку поладни температури во март што даде одлични предуслови за развој на вкусовите. Грозјето се береше во август во свежите, утрински часови. Секој грозд беше рачно набран со најдобрите показатели на киселини и шеќери.
Создавање на виното
1. Грозјето се меле и се отстрануваат дршките
2. 6-часовна ладна мацерација на 15°C, пресување
3. Спонтано таложење на ширата во текот на 24 часа
4. Ферментација на 14-15°C при контролирана аерација
5. Бистрење
6. Најмалку 3 месеци одлежување во дабови буриња
7. Флаширање
Награди
Сребрен медал за Шардоне Барик 2007 — Саем за вино Мостар 2009
Признание за Шардоне Барик 2007 — Саем за вино Сплит 2009
