Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Вранец
Опис на вкусот:
Ова исклучително вино Вранец Perfect Choice е сублимат на традиционалното и модерното, комбинација на високо квалитетно грозје и најмодерна технологија. Се одликува со длабока рубин боја, арома на презреана цреша и боровинки. Вкусот е богат и разнообразен, полн и долг. Зреено најмалку 12 месеци во четири различни видови на дабови буриња, ова вино преставува вистинска класика на совршенство! Ви препорачуваме да го декантирате 20 минути пред да го конзумирате. Секогаш совршен избор!
Комбинација со храна
Прекрасно е во комбинација со дивеч, а предлагаме да се проба и со црно чоколадо.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 6,1 грама на литар
Шеќери: 2,2 грама на литар
Алкохол: 14 % вол.
Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата година. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, допринесоа за висок квалитет на грозјето од оваа година и создадоа одлични услови за експертските тимови за правење и берење на грозјето. Грозјето се береше на крај на Октомври, доцна берба, со 10-15% стафидирани грозја. Грозјето се береше рачно во доцни, посвежи, вечерни часови и потоа се ставаше во гајбите.
Создавање на виното:
Награди:
Тиквешко виногорје, Демир Капија
Состав: 100% Каберне Совињон
Опис на вкусот:
Нашиот Каберне Совињон Perfect Choice е фантастичен производ од
Тиквешкиот регион. Има полно тело и богата темно црвена боја. Ова вино е
симфонија од ароми: ванила, какао и џем од црни сливи, кои се чувствуваат и
во вкусот. Зреено најмалку 12 месеци во четири различни видови на дабови
буриња, неговиот богат вкус и одлично тело завршуваат во неверојатен,
долготраен финиш. Произведено во година на одлична берба во лимитирани
количини, ова е можност што не треба да се пропушти. Вистинска рапсодија на
вкусови!
Комбинација со храна:
Препорачуваме виното да се конзумира на собна температура во комбинација
со црвени меса, а за љубителите на експерименти ја предлагаме и
комбинацијата со традиционални aзиски јадења.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,7 грама на литар
Шеќери: 1 грама на литар
Алкохол: 13 % вол.
Берба:
По умерено врнежливата зима следуваше топла пролет, со што се создадоа идеални услови за предвремен почеток на сезоната во 2014 година. Врнежите беа во нормални количини и рамномерно распределени во текот на целата година. Овие услови, кои што имаа ист тек и за време на бербата, допринесоа за висок квалитет на грозјето и создадоа одлични услови за експертските тимови за правење и берење на грозјето. Грозјето се береше од посебен “terroir” на 500 метри надморска височина. Секој грозд е рачно набран и потоа ставен во гајби со цел да се одберат најдобрите делови од грозјето, имајќи притоа целосна контрола над процесот на ферментација. Бербата беше во раните утрински
часови со цел да се сочуваат аромите во нивната најдобра состојба.
Создавање на виното:
Награди:
Тиквешки вински регион, Демир Капија
Состав: 100% шардоне
Опис на виното:
Шардоне Барик е бело вино со блескавa жолтo-зелена боја. Виното покажува богата
палета од ароми - зрели жолти овошја, ананас, праска, нијанси на ванила и бело
чоколадо, истакнати на база на минерална чистота. Вкусот е со многу добра структура
и хармонија. Во него се издвојуваат аромите на путер, круша и овошен пудинг. Има
сочен финиш и траен впечатлив послевкус што се задржува со сензуална зрелост од
барик.
Комбинација со храна:
Се конзумира изладено до 12°C степени со бели меса и паста.
Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,70 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 14,6 %
Берба:
Сезоната оваа година беше одлична во многу работи, беше најтопла, најрана и
без сомнение една од најдобрите сезони за развој на одличен квалитет на
овошјето. Во месецот февруари имаше невообичаено високи температури, по
што следеа малку поладни температури во март што даде одлични предуслови
за развој на вкусовите. Грозјето се береше во август во свежите, утрински
часови. Секој грозд беше рачно набран со најдобрите показатели на киселини и
шеќери.
Создавање на виното:
Награди: