Демир Капија

За арно за убаво!

Калеш
Алтан

Калеш

Тиквешко виногорје, Демир Капија

Состав: 50% Вранец, 50% Каберне Совињнон

Опис на виното:
Калеш  е вино со жива темно црвена боја со виолетови нијанси и изразена длабочина. Мирисните ароми се комбинација на црна слива, вишна, зачини и минерали. Ова е добро избалансирано вино со неповторлива мешавина на вкусови, одлична свежина и долг завршеток на зрело овошје.

Комбинација со храна:
Препорачуваме ова вино да се служи на температура од 18-20°C со јадења од црвено месо како и со традиционални македонски јадења.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,9 грама на литар
Шеќери: 18,4 грама на литар
Алкохол: 14% vol.

Берба:
Целата година беше година на предизвик. По умерените температури во февруари, сезоната на растење на грозјето започна со силни пролетни мрзнења, што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во летниот период температурата беше прилично висока, што е типично за Тиквешкиот регион. Тимот на гроздоберачите и винарите се посветија себе си и посветија посебно внимание,  виното произведено од оваа берба да биде со посебен квалитет.

Алтан

Тиквешко виногорје, Демир Капија

Состав: 33% Шардоне, 30% Совињон Блан, 19% Темјаника, 10% Мускат Отонел, 8% Жилавка

Опис на виното:
Алтан  е уникатно вино кое се одликува со доминантни ароми на круша и праска, додека во позадина нежно се појавуваат хербалните ноти на бозел, босилок и ароматични тревки. Вкусот го прати мирисот и е доста комплексен. Има изразено тело и одличен баланс на киселините, што го прави ова вино освежувачко. Виното долго останува во устата, оставајќи пријатно чувство на полност и хармоничност.

Комбинација со храна:
Препорачуваме да се конзумира изладено на температура од 8-10°C со секаков вид на сирења, јадења од бело месо и риба, а исто така одлично одговара и со кремасти десерти.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,7грама на литар
Шеќери: 1,6 грам на литар
Алкохол: 12,7% vol.

Берба:
Целата година беше година на предизвик. По умерените температури во февруари, сезоната на растење на грозјето започна со силни пролетни мрзнења, што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во летниот период температурата беше прилично висока, што е типично за Тиквешкиот регион. Тимот на гроздоберачите и винарите се посветија себе си и посветија посебно внимание,  виното произведено од оваа берба да биде со посебен квалитет.

За инвеститориСоцијална одговорностПолитика за приватностКонтакт
All rights reserved © Popova Kula Winery
crosschevron-downarrow-left
mk_MKMacedonian
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram