Демир Капија има неверојатен туристички потенцијал кој се повеќе се развива и нуди фатнастични доживувања за посетителите. Тука е прекрасната Демир Капијска клисура, тука се Просек, Градиште и археолошки наоѓалишта како и Музејот на виното. Како никоја друга локација во Македонија имаме 6 реки: Вардар, Бошавица, Дошница, Дренска река, Челавечка и Клисурска река а на Дошница ги имаме и неповторливите Топли Вирови. Орлите го одбраа ридот над Демир Капија за свое место за гнездење и тие ни пружаат неверојатни глетки а кактусите пак си направија свое единствено катче вредно за посета. А тука нели е и приказната за виното...
Со повеќе од 300 сончеви денови годишно Демир Капија нуди понешто за секој ден од годината и затоа со право сметаме дека Демир Капија е сказна која треба да ја откриете.
Симни мапа овде. Повеќе на www.visitdemirkapija.mk. Резервирајте на +389 75 432 630 или на reservation@popovakula.com.mk.
Демир Капијскиот кањонот е едeн од најдобрите качувачки локалитети на целиот Балкан. Во моментов постоjат повеќе од 400 спортски насоки со различни категории на тежина, многу повеќе терени за алпинисти и три Via-Ferrata. Удобниот пристап до карпите, длабоките сенки летно време, опремените сектори со маси и клупи создаваат идеални услови за вашата авантура. Организирајте ги вашите адреналински тури овде!
Демир Капија, скриена меѓу планини, карпи, шуми и реки, е едно од најубавите места за пешачење. Самото место ви овозможува да одберите такви насоки и патеки кои ќе одговараат за вас и вашата физичка состојба. Од лесни и пријатни прошетки по крај реката до стрмно искачување во планините.
Демир Капија е совршено место за велосипедски тури. Над ридовите, во шумите и покрај реките има километри обележани патишта и патеки за вашата авантура!
Големите брзаци, свиоци и премини на реката Вардар, која ги дели кањонот и градот Демир Капија, се одлични за кајакинг и рафтинг. Локалниот клуб и инструктори ќе организират за вас незаборавливи авантури!
Во текот на летната сезона, кога времето е суво и жешко, една од најпопуларните активности е капењето во локалните речни топли вирови. Многу чиста водата се спушта од планините, се собира во природно формирани карпести корита и многу добро се загрева. Обично сезоната започнува од јуни и трае до крајот на август.
Демир Капија е една од најбитните орнитолошки резервати во Македонија. Овде, во кањонот и на карпите, живеат ретки видови птици, многумина од кои се наведени во Црвената книга на загрозени видови. Оваа локација се наоѓа под заштита на Меѓународна организација на орнитолози.
Демир Капија е богата со своите археолошки и историски локалитети. Има три доцносредновековни и раносредновековни тврдини, интересните стари цркви и манастири. Секое од овие места имаат своја историја, која ве чека да ја откриете.
Демир Капија единствена општина каде на мал простор имаме шест реки: Бошавица, Дошница, Дренска Река, Челавечка Река, Клисурска река и Вардар. Секоја река дава свои можности за риболов, кој е многу популарен тука. Покрај тоа имаме и вештачки направени вирови во кои се одгледува крап а каде има можност за спортски риболов и уживање.
Уникатната и единствена во Македонија долина на кактуси во живописното село Клисура (7 км од Демир Капија) е неверојатна глетка! Не пропуштајте, времето на цветање е од средината на мај до јуни.
Лавандата која ја засадивме пред неколку години, денес е една од најатрактивни локации во Демир Капија. Во последните две недели од Јуни, кога цути, ние организираме интересни фотосесии кои даваат уникатна можност за секоја љубител на природата. Самата локација пак нуди прекрасен поглед. Забележете во вашите календари – последни две недели од јуни.
Првиот вински музеј во Македонија ќе ве води низ историјата на градот, уметноста на винарството, археологијата и археолошките локалитети, етнологијата и раскажува за флората и фауната на Демир Капија. Навистина уникатна институција оживеана од локалните ентузијасти.