Винарска Визба Попова Кула има уникатна палета од фини вина од меѓународни но и од локални и регионални сорти на грозје меѓу кои и од Станушина. Сите вина потекнуваат од по едно лозје кое е во сопственост на самата винарија. Секое од нашите вина има посебен карактер а сепак сите ја содржат и препознатлива карактеристика на самата супериорна микролокација - Попова Кула.
Покрај вината произведуваме и преубава ракија како и органско етерично масло од лаванда од сопствени полиња.
За арно за убаво!
Демир Капија е мала општина со голема туристичка понуда. Ова живописно место е популарно по винариите, убавината на кањонот „Железната порта “, историските места и неверојатната природа, која е идеална за сите видови спортска рекреација. Пешачење, планинарење, спортско качување, кајак и рафтинг, велосипедизам и пливање, набљудување птици и археологија - секој може да го најде она што е блиску до вашата душа!
Наздравје со природата!
ХОТЕЛ ПОПОВА КУЛА - НЕВЕРОЈАТНА ПРОМОЦИЈА!
ПЛАТИ 1 НОЌЕВАЊЕ, А ДОБИЈ 2!
Промоцијата важи од 25 Март до 25 Април!
Супер опремени соби и апартмани со неверојатен поглед и пријатен амбиент кој овозможува удобност и мир.
Место создадено со цел да ги зголеми Вашите граници на задоволство.
Резервации и информации на:
076 432 630