TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Вранец

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% Вранец

Опис на вкусот:
Нашиот Вранец е суво црвено вино со карактеристична темна рубин боја со голема длабочина и интензитет. Аромата е богата и со долг финиш, со доминација на чоколадо, нијанси на модри сливи, дим и смола. Виното е со многу добра структура  и со потенцијал за развивање на аромите кои оставаат впечаток на топлина и кадифе во устата.

Комбинација со храна:
Препорачуваме да се конзумира на температура од 18-20°C со сите видови црвени меса.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,8 грама на литар
Шеќери: 2 грама на литар
Алкохол: 13,5 %

Берба:
Целата  година беше година на предизвик. По умерените температури во февруари, сезоната на созревање на грозјето започна со силни пролетни мразеви, што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во летниот период температурата беше прилично висока, што е типично за Тиквешкиот регион. Тимот на гроздоберачите и винарите се посветија себе си и посветија посебно внимание,  виното произведено од оваа берба да биде со посебен квалитет.

Вранецот се береше во тек на три берби: од 23ти до 25ти Септември, од 4ти до 6ти Октомври и од 8ми до 10ти Октомври со најдобрите можни показатели на шеќери и киселини во период на технолошката зрелост на грозјето. Грозјето се береше рачно и се ставаше во гајби кои собираат не повеќе од 10кг, со одбирање на најдобрите гроздови. Овој начин на собирање на грозјето овозможува целосна контрола над процесот на ферментација. За време на последната берба, се набра дел од стафидирани зрна, кои во комбинација со другите фактори му дадоа специфичен вкус на виното.

Создавање на виното:

  • 12 часовна мацерација во присуство на ензими
  • контролирана алкохолна ферментација во траење од 10 дена со специфични режими на мацерација
  • Јаболчно млечна ферментација
  • Обработки за бистрење и стабилизирање на виното
  • По флаширање, виното одстојува 4 месеци во шише