TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Прокупец 2014

Тиквешко виногорје, Демир Капија

Состав: 100% прокупец

Опис на виното:
Прокупец e вино од заборавена балканска сорта на грозје, кое во ваква форма не може да се сретне никаде на друго место. Попова Кула му посвети посебно внимание на ова вино со цел повторно да им го претстави на љубителите на вино. Ова вино претставува хармонија на боја, мирис  и вкус. Се одликува со жива рубин црвена боја, a мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша, додека во позадина се открива сува смоква. На вкус ова вино е лесно, хармонично и свежо. Сосема на крај останува вкусот на суво овошје, лешник и кора од леб. 

Комбинација со храна:
Препорачуваме да се служи на температура од 16-18°C со лесни предјадења, тестенини и варива.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,1 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 11,79%

Берба:
Сезоната оваа година беше одлична во многу работи, беше најтопла, најраната и без сомнение една од најдобрите сезони за развој на одличен квалитет на овошјето. Во месецот Февруари имаше невообичаено високи температури, по што следеа малку поладни температури во март што даде одлични предуслови за развој на вкусовите. Летото беше долго, многу жешко, што овозможи развој на повисоко ниво на шеќери од вообичаеното.

Создавање на виното:

  • Мелење на грозјето и отстранување на дршките
  • ладна мацерација 48 часа заради извлекување на максимум на ароми и обоени материи
  • се става во инокс танкови за алкохолна ферментација при што се додаваат посебно одбрани квасци за да може да ги добие карактеристичните ароми
  • за време на ферментацијата строго се контролира температурата, режимите на аерација и намалување на шеќерите
  • Јаболчно млечна ферментација
  • Обработки за бистрење и стабилизирање на виното